Заев од Села и Касами бара поддршка за Законот за јавно обвинителство

Премиерот Зоран Заев денеска во Собранието ќе се сретне со лидерите на албанските опозициски партии за поддршка за новиот Закон за јавно обвинителство и идниот статус на СЈО.



Заев претходно ги најави средбите со помалите партии со цел обезбедување 80 пратеници за изгласување на Законот за што се потребни и гласовите на пратениците од партиите на Зијадин Села и на Билал Касами.

За денеска во 18 часот во Министерството за правда е закажана и трета средба на работните групи на Владата и на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, откако опозициската партија испрати 65 амандмани за Предлог-законот.