Академик Катица Ќулафкова предупредува на опасноста како резултат на договорот со Грција да биде извршено културно уништување на македонската култура преку извртување на историјата.
“Познато е дека историските факти некогаш се толкуваат на различен начин (од победниците и од поразените), ама ретко кој се осмелува да ги фалсификува фактите.
Ако тоа се направи со историографијата за Македонија, тогаш тоа е флагрантно продолжување на културоцидот започнат со промената на топонимите во Егејска Македонија 20-тите години на ХХ век”, смета академик Катица Ќулафкова една од ретките академици која се спротивстави на раководството ма МАНУ и не се согласи со промената на името на државата и законот за јазици.





