Според бројот на извршени мафјашки убиства минатата година, Србија е лидер во регионот а Македонија е на неславното второ место.
Според статистичките податоци до кои дојде српската телевизија N1 во Србија се случиле 29 убиства кои се доведуваат со врска со мафијашки пресметки, од кои 21 во Белград.
Втора е Македонија со 15, но според новинарката Јелена Зориќ , податоците се базираат на информации од медиумите, затоа што македонската полиција не им дала официјални податоци.
Потоа на листата е Црна Гора со 7, Република Српска со 3, Хрватска со 2 и Словенија со – ниту едно.





