Од вчера на зградата на МНР ги нема буквите „Република Македонија“, а останат е само називот Министерство за надворешни работи напишан на македонски и англиски, но не и на албански јазик.
Од ТВ21 од МНР побарале одговор за промената но ги упатиле одговорот за ова да го побараат во владата.
Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски рече дека за ова прв пат слуша, но дека институциите кои не го почитуваат законот за употреба на јазиците ќе бидат санкционирани како што предвидува законот.
Тахир Хани потпретседател на Меѓуресорската група за спроведување на законот за употреба на јазиците за ТВ 21 изјави дека ќе има санкции за правните лица кои не го почитуваат албанскиот јазик.





