Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, нема да биде казнет иако пред неколку дена не сакаше на новинарите да им одговори на македонски јазик кога ја промовирал Агенцијата за спроведување на Законот.
За ова, портпаролот на Владата Миле Бошњаковски рече дека Владата не работела врз принцип на казни, туку во духот на соработка, кооперација, пријателство и разбирање.
„Постојат недоследности и грешки во однос на Законот за јазиците кои се трудиме да ги надминиме и поправиме“, рече Бошњаковски за случајот.





