„Како можеме да се довериме на Европјаните, кои ни рекоа прво за дијалог, потоа за царините, а никој не знае што ќе ни кажат последователно. Стана тешко да им се верува. Могерини и другите ни рекоа, направете го ова и ќе добиете визна либерализација“, се пожалил косовскиот премиер Рамуш Харадинај на седница на косовската влада, пренесуваат приштински медиуми.
„Денес доаѓам од три различни места, каде беа извршени масакри, меѓу најтрагичните што ги доживеаја луѓето од Косово. Стотици луѓе беа убиени, а сепак стигнавме до преговарачка маса.
Сега имаме ситуација каде што му кажуваат на Косово дека мора да исполни одредени услови за да стигне до масата. Ова е многу изненадувачки.
Харадинај вели дека Косово го започна дијалогот посредуван од ЕУ за нормализирање на односите со Србија и покрај сите жртви на војната и исчезнатите лица.
Но, тврди дека е „бесмислено“ да се бара од Косово „да се откаже од нешто за признавање“.
„Како е можно да се бара Косово да ги исполни условите на Србија за дијалог?”, прашува Харадинај.




