Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, е избрана за член на Надзорниот одбор на Виенската иницијатива 2 како претставник на шесте земји од регионот на Југоисточна Европа кои сè уште не се членки на Европската Унија.
Во рамките на Виенската инцијатива 2, таа има активна улога во застапувањето на интересите на регионот пред претставниците на меѓународните финансиски институции и глобалните и регионалните банки присутни во овој дел од Европа, јавува „Макфакс“





