Убиваат деца во војната за која светот молчи

Седум лица , меѓу кои 4 деца за гинаа од ракетен напад на болница во руралната област на северозападниот дел на Јемен.



„Невини деца и здравствени работници ги загубија своите животи во неселективен напад врз болница во густо населена област со цивили“ соопшти организацијата „Save the Children#.

Меѓу загинатите е еден здравствен работник и неговите две деца.

Оваа организација, која помага во работата на болницата, јави дека проектил бил истрелан на бензинска пумпа која се наоѓа во близина на болницата .

Коалиција предводена од Саудиска Арабија почна напади против шиитските бунтовници Хуси во 2015 година, а во нападите загинаа илјадници цивили.

Според податоци на ОН, до почетокот на 2018 година Јемен биле убиени или повредени поовеќе од 5.000 деца, а илјадници се соочуваат со глад.