Најчевска: Кои тоа закони му се помалку важни на Џафери

Професорката Мирјана Најчевска реагира на селективниот приод на парламентарниот спикер Талат Џафери кон законите кои ги донесува парламентот, а за кои тој одредува кој е важен а кој помалку важен.



„Кои се законите кои за Џафери се помалку важни од Законот за употреба на јазиците?
Како тоа на пример, Законот за спречување и заштита од дискриминација е помалку важен од Законот за употреба на јазиците?
Или, како тоа Законот за прекин на бременоста е помалку важен од Законот за употреба на јазиците?
Јас лично имам голем проблем со човек кој очигледно ја злоупотребува функцијата која му е дадена и постапува спротивно на интересите и потребите на граѓаните“, пишува Најчевска на Фејсбук.