Обвинители од романската Дирекција за истрага на организираниот криминал и тероризам заплениле еден тон кокаин во близина на градот Свнту Ѓорге, на брегот на Црното Море.
Кокаинот со чистота 90% од се наоѓал во чамец што се превртел во делтата на Дунав.
Феликс Банила, главниот обвинител на Дирекцијата соопшти дека кокаинот бил пронајден на 22 март во превртен чамец…Неколку дена претходно, властите откриле пакет од 1 килограм кокаин во таа област што паднала од камион. Банила додаде дека дрогата била транспортирана по морски пат и требало да транзитира низ Романија.
Властите уапсија двајца српски државјани.
Кокаинот е од Латинска Америка.





