МНТ како утешна награда

„Од целава оваа хистерија со преименување на институции, куртули МНТ. Зошто? Поради фактот што има и Албански театар и Турски театар. Па сега навистина би било малку, ама само малку незгодно, да нема и Македонски театар.



Нешто како утешна награда. Како шлепување. Ајде Македонци радувајте се.

Сега гледам зошто еден наш познат професор по право (инаку перјаница на Северна Македонија и пошироко, човек за сите времиња), барал мала, ама многу мала, измена во Уставот за да се изедначеле малку, ама сосема малку, правата на Македонците (граѓаните) со правата на признаените етнички заедници. Секоја чест за битката на професорот. Мал чекор за човештвото, голем за него„.

Од колумната на претседателката „ГЛАС за Македонија“ на професорката Солза Грчева, за „Вечер“