Мицковски за славите без осет на Али Ахмети

„На Али Ахмети не му е доволно да го слави резултатот од претекувањето на косовската криза и Охридскиот кој следуваше, не му е доволно да ја слави независноста на Косово, сака да слави и нешто што не оди во интерес на помирувањето меѓу Албанците и Србите, нешто што мора да се случи ако сакаме иднина на Балканот“ – пишува на Фејсбук новинарот Ивор Мицковски.



„Да славиш 20 години од НАТО интервенцијата во Косово е немање никаков осет кон невините жртви и сите луѓе кои не биле на страната на режимот на Милошевиќ.

Србија беше агресор во Босна и во Хрватска и на своја територија и тоа е јасно, и плати огромна цена за мнозинството кое го гласаше Слобо, и ден денес плаќа гласајќи за неговите наследници.

Но, сепак, не се слави никогаш напад врз некого, особено не ако од тој процес си излегол како победник и си профитирал. Победникот би требало да е поголем од тоа.

Ахмети и ДУИ не знаат да демонстрираат дух на помирување и разбирање кој цело време го претендираат од другите.

Срамотата е дотолку поголема што ДУИ не го зема во предвид интересот на Македонија, и на автократот Вучиќ, кој редовно ја злоупотребува нашата држава за пропаганда, му дава крајно непотребни агрументи“, пишува Мисковски.