Илузионист кој витка лажици ќе спречел „Брегзит“

„Многу ми се допаѓате, но нема да Ви дозволам да ја одведете Британија во Брегзит. Без обѕир колку Ви се восхитувам, телепатски ќе Ве запрам и, верувајте ми, јас можам тоа да го изведам“, ѝ порачал израелско-британскиот илузионист Ури Гелер на  британската премиерка Тереза Меј.



Во отворено писмо до Меј, тој нагласува дека „физички и доста силно“ чувствува дека мнозинството Британци се против Брегзит.

Илузионистот кој сега живее во Израел, а живеел и на Островот, посочи дека ја знае премиерката 21 година и дека таа била и гостин во неговата куќа, како и дека три години пред да стане премиерка, тој го предвидел тоа.

Според „Гардијан“, британското разузнавање ги тестирале моќите и телепатските способности на Гелер, кој инаку во јавноста најпознат по виткањето лажици.