„Срамно е што Америка мораше да помине низ ова“ изјави американскиот претседател Доналд Трамп кој триумфално соопшти дека дури и нелегалната истрага која ја водел специјалниот обвинител Роберт Мулер покажала дека нема сомнежи дека имало соработка меѓу тимот на Трамп и „Русите“ во кампањата за избор на претседател во 2016 година.
„Ова беше нелегален обид за да се наштети на Претседателот и овој обид пропадна. Срамно е што Америка мораше да помине низ ова. Се надевам дека ќе има нова истрага и кон другата страна, истрага која ќе покаже зошто ова се случуваше“, рече Трамп, алудирајќи на таборот на демократите.
Специјалниот обвинител Роберт Мулер по двегодишна истрага со писмо го извести Конгресот дека ниту Трамп ниту неговите соработници соработувале со Русија.





