И Антикорупциска се подготвува за претседателските избори.



„Знаејќи дека се злоупотребуваат и човечките ресурси, односно вработените во јавната администрација, планираме да правиме и случајни проверки на листите за евиденција за одење и доаѓање на работа, а ќе имаме и дојави од посматрачите, и во тие што ќе бидат ризични институции ќе вршиме проверки дали некој од вработените учествувал во изборните кампањи за време на работа“, вели претседателкатана Државната комисија за спречување на корупција, Билјана Ивановска во неделното интервју за Радио Слободна Европа.

Според Ивановска, ќе се следи претседателската кампања, финасирањето на политичките партии, ќе се преземат мерки да се спречи незаконско користење на буџетски капацитети и службени возила…