Србите во Македонија се револтирани од најавата на ДУИ за одбележување на 20 годишнината на НАТО нападите врз Србија.
Српски активист, инаку дел од владеачката коалиција, вели дека прославата на ДУИ на еден од најтрагичните делови од српската историја не е само провокација кон соседна земја и српскиот народ туку и индиректен повик до Србите во Македонија да не гласаат за кандидатот на ДУИ и СДСМ за претседател Стево Пендаровски.
Тој вели дека тоа што ДУИ настанот го нарекува одбележување а не прослава не менува ништо затоа што е јасно дека се работи за триумфализам кај Албанците кои конфликтот меѓу НАТО и Србија во 1999 тие го сметаат за албанска победа.
“Имаме чест да во поканиме на настанот организиран од страна на институтот за духувно наследство на Албанците, под покровителство на г. Али Ахмети, по повод 20 годишнината пд почетокот на интервенцијата на НАТО на Косово”, пишува во најавата што ДУИ ја испрати до македонските медиуми.
Настанот се оддржува денеска, недела 24 март 2019 година, со почеток во 13:00 часот во хотелот Холидеј Ин во Скопје.
На настанот ќе се обратат Али Ахмети како и вицепремиерот на Косово, Енвер Хоџај.




