Министерството за надворешни работи, соопшти дека министерот Никола Димитров, на покана на Универзитетот во Грац, ќе одржи предавање проследено со отворена дискусија на тема „До Европа преку Преспа: Европската интеграција на Северна Македонија.“
Посебен акцент ќе биде ставен на Договорот од Преспа, „европеизацијата“ како процес кој придонесува кон надминување на конфликтите и споровите во регионот, како и актуелните предизвици и идните перспективи на патот кон Европската унија.




