Минатата вечер британските министри се побунилe против премиерката Тереза Меј, во обид да ја отстранат и премиерските функции да ја доделат на нејзиниот заменик Дејвид Лидингтон, соопшти „Тајмс“.
Министрите се на мислење дека Меј треба да објави дека се повлекува. Според нив, таа станала опасна и лабилна фигура чии проценки веќе не се сигурни.
Овој потег доаѓа само неколку дена пред планираното трето гласање за договорот за „Брегзит“ што двапати беше одбиен во мај.
Весникот посочува дека со оглед на фактот дека еден милион луѓе излегоа на улиците на Лондон да протестираат против Брекзит, судбината на Меј веќе била решена на друго место.
Екипата на “The Sunday Times” разговарала со 11 министри од кабинетот на Меј, кои потврдиле дека побарале премиерката да се повлече и да го отстапи кабинетот на некој друг.
Според извори на весникот, дури и најверните министри не веруваат дека ќе ја задржи функцијата.
Се очекува премиерката Меј да се повлече по околу 10 дена.




