Елена Главинческа е медицинска сестра во интерното одделение во општата болница во Струга. Таа десет дена се бори со морбилите, откако се заразила на своето работно место, пренесува порталот „Ако“.



Вели дека е тоа нејзина работа, да му пружи соодветна нега и помош на ској пациент, но воопшто не е среќна што се заразила од деца кои биле невакцинирани.

Главинческа вели дека е помалку лута бидејќи во денешно време добила болест за која, како што вели, учела дека дека опстојува во средини со низок социјален развој.

А сето ова, „благодарение на квази интелектуалци кои по неколку статии прочитани на интернет, се супер стручњаци за вакцините и за области од медицината за кои некои луѓе цел живот го посветиле на учење“.

Освестете се!

Таа поттсетува дека за постигнување на колективен имунитет потртебно е да се вакцинираат и оние „25 проценти кои недостигаат во статистиките за вакцинирање“.