„Северна Македонија“ ѝ го отстапи местото на „нашата земја“ кај Заев

Случајно или не, дури на четири места премиерот Зоран Заев ја употреби заменката наш/а/е, избегнувајќи ја „Северна Македонија“ во твит за пристапувањето на македонската држава во НАТО.



„Во нашата земја многу генерации напорно работеа на остварувањето на оваа наша историска цел. Процесите што ги поминавме не беа лесни, но беа исклучително важни за иднината на нашата земја. Нашето членство во #НАТО дополнително ќе придонесе за стабилноста и безбедноста на регионот“, твитна кандидатот за Нобелова награда за мир за Преспански договор, чија главна „придобивка“ е токму промената на името на државата северно од Грција.

„Новата мода“ во изразувањето на премиерот не помина незабележано кај македонските твитерџии, кои реагираа под твитот на Заев:

„Која е ‘Вашата Земја’? Во Муртино нивата? Или?“.

„Тоа е целосно вашата земја Република Северна Македонија, со која што ја укинавте нашата земја Република Македонија“.

„ ‘Нашата земја’ бидејќи не можеш да зборуваш за Северна во минатото а не смееш да напишеш Република Македонија. #бетон

„Нашата земја, ви ја зедоа машкоста Грците дури и кога треба името да го изговорите. Знате што, еве јас ќе ти помогнам да се потсетиш #МАКЕДОНИЈА Е НАШАТА ЗЕМЈА!!!“

„Кај ви е ‘северна’ бе Бозо? Конечно сфативте дека со секое спомнување на ‘с’ губите илјадници гласови“.

„Слабо рејтингов пред избори, а?! Па ај ‘нашата земја’ ќе кажуваме. Несреќоооооо“.

„Во која земја? Чија земја? Никако Северна Македонија да се спомне пред избори. Срам“.