Спектакуларниот погодок на македонскиот фудбалски бисер Елиф Елмас не престанува да измамува воздишки и комплименти од љубителите на најважната споредна работа во Европа.



Од Исланд до Турција фудбалските фанови и коментатори се натпреваруваат во изразите на одушевување од мајсторијата на 19-годишниот играч за врска на Фенербахче во судиското надополнување за заверка на триумфот на Македонија од 3:1 над Летонија во квалификациите за Европското првенство.

„Македонскиот Меси“, „Еврогол на Елмас за ТВ-шпиците“, „Ремек-дело“ се само дел од коментарите за вториот гол на натпреварот во Скопје на талентот на радарот на фудбалските гиганти, чија вредност „Трансфермаркт“ ја процени на 7,9 милиони евра.

Најубавиот гол на стартот од евроквалификациите на следниот линк