Македонски државјанин(52) кој бил дел од банда која пред 13 години крадела податоци од картички на банкомати, бил уапсен при влез во Грција по меѓународна потерница, јавува МИА.
Според потерницата, 52-годишниот, заедно со уште две лица со украдените податоци правеле картички – клонови и подигале пари во различни земји, предизвикувајќи штета од над 1.3 милиони евра, од кои над 200 илјади само во Германија. Мрежата била активна и во Македонија, Грција, Италија, Франција и Бугарија.
Според АНА-МПА, уапсениот бил изведен пред јавен обвинител во Солун, а во следниот период надлежниот суд ќе одлучи дали 52-годишниот ќе биде екстрадиран во Германија или не, јави дописничката на МИА од Атина.





