Во дива депонија која се протега на неколку километри е претворен патот во Општина Сарај кој води кон изворот Рашче, главен извор од каде скопјане се снебдуваат со вода за пиење.
Порталот „Сакам да кажам“ се обиде да побара објаснување зашто општината не го чисти ѓубрето, но градоначалникот Блерим Беџети не бил достапен.





