На Британците не им се оди од ЕУ – денеска масовен протест во Лондон

Стотици илјади демонстранти се очекува да маршираат денеска во Лондон во масовен протест против излегувањето на Велика Британија од ЕУ.



Тие бараат втор референдум на кој ќе се изјаснат за ова, додека над 4 милиони Британци потпишаа петиција против „Брегзит“.

Протестот доаѓа  по бурната недела во која премиерката Тереза ​​Меј  бараше продолжување на рокот кога Велика Британија треба да ја напушти ЕУ, а кој истекува на 2 март.

На протестот ќе се приклучи и премиерката на Шкотска, Никола Старџен. Големо мнозинство од Шкотланѓаните  бараат да останат во ЕУ, но се игнорирани од страна на владата во Лондон.

Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, исто така, ќе учествува и јасно стави до знаење дека е против катастрофата „Брегзит“.