Кандидатот за претседател Стево Пендаровски ќе бара поддршка од граѓаните за изборите на 21 април под слоганот „Заедно напред“, беше одлучено на синоќешниот состанок на Централниот изборен штаб на СДСМ и на коалицијата.
Слоганот ја одразува суштината на Програмата на Стево Пендаровски што се темели на принципи на заедништво, на обединување на граѓаните и на забрзан развој на земјата на патот кон НАТО и ЕУ.
Пендаровски ќе ја започне кампањата со централен митинг од Прилеп на 1 април во 20:00 часот.





