Македонската влада молчи за обвинувањата кои што доаѓаат од Белград од српски функционер близок на српскиот претседател Александар Вучиќ и пратеник на неговата владеачка партија.
Во утринската емисија на ТВ Хепи овие обвинувања ги искажува Милован Дрецун, претседател на Одборот за Косово при српското Собрание.
Српскиот пратеник го обвинува Заев дека стои зад Кумановските настани и дека од Скопје се прават обиди за дестабилизација на Србија.
Српскиот претставник меѓу другите изјави објавува информации за контакти на Заев со регионални фактори и обвинувања дека тој е посредник меѓу Харадинај и српски опозициски политичари.
Дрецун е поранешен воен аналитичар и екс член на Социјалистичката Партија на Србија во времето на Слободан Милошевиќ.
Важи за еден од носителите на пропагандата на великосрпскиот национализам од времето на војните во поранешна Југославија.
Неколку дена по жестоките обвинувања на Дрецун засега без одговор од владините портпароли.
Делот од видеото за Заев од 15 минута




