Власта и опозицијата не постигнаа договор за СЈО

Нема договор за Законот за јавно обвинителство меѓу власта и опозицијата, откако не беа прифатени барањата на ВМРО ДПМНЕ.



Од опозициската партија велат дека дека нема да го поддржат законот во сегашната форма, односно доколку не бидат прифатени нивните барања: Државниот јавен обвинител да биде на предлог на опозицијата, СЈО да работи како дел од ОЈО, односно како одделение на Обвинителството, и да се формира анкетна комисија за финансиската работа на СЈО.

Министерката за правда Рената Дескоска обвуини дека ВМРО-ДПМНЕ не било заинтересирано за Законот за јавното обвинителство, туку а мнестија на обвинетите за упадот во Собранието на 27-ми април.