Петицијата против напуштање на ЕУ потпишаа два милиони Британци

Официјалната веб-страница на петицијата  со која се бара Велика Британија да остане во ЕУ, синоќа „падна“ откако рекорден број на луѓе истовремено се обидоа да ја потпишат.



Бројот на поддржувачите на Петицијата со која се повикува британската влада да се повлече од активирањето на член 50 за излез од Европската унија надмина два милиони.

Истовремено, синоќа во Брисел, членки на ЕУ прифатија кусо одлагање на „Брегзит“, од 19 март до  12 април или 22 мај.

Премиерката тереза Меј бараше одлагање до 30 јуни, но ова не беше прифатено поради претстојните избори за Европскиот Парламент.