Опозицијата на Албанија денеска го одржува својот 6 протест за еден само еден месец.
Демонстрантите се обидoa да го пробијат полицискиот кордон, a кога бea спречени, ја гаѓаа полицијата со шишиња и други предмети.
За прв пат лидерот на Демократската партија, Лулзим Баша, не е присутен на чело на овој протест на опозицијата, а поранешниот премиер Сали Бериша беше поздравен со овации.
Демонстрантите се собраа пред зградата на парламентот каде што се одржува неделна сесија со транспаренти на кои пишува „Криминален парламент – коруптирана влада”.
Тие повикуваат на оставка на премиерот Еди Рама и бараат нови избори.
Полицијата го блокираше просторот пред Парламентот и улиците во центарот на градот.
И на претходните протести во текот на овој месец, полицијата употреби солзавец против народот, како одговор на обидите на неколку демонстранти да го пробијат кордонот.





