Протестен марш од плоштадот Скендербег до судската палата најави за утре во 14 часот Иницијативен одбор кој се противи на пресудата од 7 години затвор на Абдуљфета Алими за настаните од 27 април.
„Ние како семејство, како и пријателите на татко ми заедно ја презедовме оваа иницијатива и сакаме да докажеме дека татко ми е жртва на политички монтиран процес бидејќи тој на 27 април беше на задача и ги штитеше пратениците во Собранието“ , изјави Бурим Алими, синот на Абдуљфета во име на Иницијативниот одбор.




