Заедничкиот интердисциплинарен комитет на експерти (ЗИКЕ) за историски, археолошки и образовни прашања, утре и задутре во Скопје ќе го одржи вториот состанок, соопштуваат од грчкото МНР, јави дописничката на МИА од Атина.
Заменикот министер за надворешни работи на Грција, од грчка страна, утре и задутре (22 и 23 март) ќе биде во Скопје, а ќе присуства и на приемот што го организира грчката Канцеларија за врски по повод 25 март, националниот празник на Грција.
Маркос Боларис кој воедно е и на чело на комисијата ја предводи грчката делегација што ја сочинуваат професорите Спиридон Сфетас, Николаос Заикос, Иаковос Михаилидис, Атина Скуларики, Атанасиос Лубас и советникот од грчкото МНР, Ефтимиос Харлавтис.
Во македонскиот тим предводен од амбасадорот Виктор Габер, се и професорите Далибор Јовановски, Никос Чаусидис, Људмил Спасов, Ана Чупеска-Станишковска, Фахри Рамадани и Кица Колбе.
Првиот состанок на заедничкиот интердисциплинарен комитет на експерти за историски, археолошки и образовни прашања се одржа во Солун, на 2 ноември минатата година.





