Воени игри: САД испратија „атомски“ бомбардери во Европа

САД распоредија шест бомбардери B-52 со можност да носат нуклеарно оружје во Европа.



Овој потег се смета за силна порака до Русија, која слави пет години од анексија на Крим, јави Си-Ен-Ен .

Според информациите авионите „B-52 Stratofortress“ од базата во Луизијана слетале во база во Велика Британија на крајот од минатата недела.

Тие веќе извеле  летови до неколку локации во Европа, вклучувајќи ги Нрвешкото Море, Балтичко Море / Естонија и Медитеранот / Грција.

Тензиите меѓу Вашингтон и Москва постојано расте во последните месеци, по конфронтацијата во Керченскиот теснец во ноември 2018 година, кога Русија го заплени украински бродови и ги уапси морнарите.

Москва продолжува да се зголемува военото присуство во регионот, што ги тера САД да го сторат истото, јавува Си-ен-ен.