Новото име нема да фати корен, вели Силјановска


„Да ве потсетам дека претседателот на Собранието распиша избори за претседател на Република Македонија. Второ, веќе јавно ветив дека јас нема да го користам ова име кое го сметам за наметнато и донесено преку кршење на правото“, вели во интервју за „Вечер“ кандидатката за претседатѕел на државата, Гордана Силјановска Давкова одговарајќи на прашањето дали ќе го користи новото име на државата.



„Некои од мене бараат порадикални изјави, но нам ни треба мудрост и знаење да си го вратиме името. Премиерот и владејачката СДСМ уште сега ми се закануваат со евентуален импичмент, но тоа не ме колеба во намерите“, вели Силјановска и потсетува дека за Македонија се бореле и Илинденците и асномците, многу генерации.

„Новото име нема да фати корен, па јас се надевам дека таквиот вид на отпор нема да се сведе само на очекувањата од претседателот на Републиката, туку ќе биде широко прифатена акција од граѓаните.

Да потсетам, моите двајца противкандидати немаат никаков проблем со новото име, јас имам“, вели Силјановска.

Извор: ВЕЧЕР