Фудбалската федерација на Македонија е мета на силни критики откако одлучи да наплатува карти за влез на меч на репрезентацијата и за лица со посебни потреби.
Една од најбогатите асоцијации во земјава за мечот против против Летонија што ќе се одигра утре одлучи да наплаќа по 50 денари од секое лице со посебни потреби што сака да го гледа мечот во живо.
Иако сумата е симболична потегот на ФФМ е неочекуван со оглед на социјалниот статус на најголем дел од оваа најранлива категорија граѓани.




