Новинарот кој успеа од власта да добие безбедносен сертификат од највисока категорија за само еден ден, ја открива шемата во која треба да биде осуден Стевче Јакимовски кој вчера доби куќен притвор за наводен случај на прекршување на службена одговорност.
Информираниот Сашо Ордановски вели дека штом во некој случај има пет до десет осомничени за вмешаност во организиран криминал, јасно е дека обвинителот се подготвува за таканаречен пристап со „хорско пеење“.
Ордановски открива дека овој пристап на обвинителството, чиј прв човек го именуваше Владата, треба да доведе до ситуација во која некој од обвинетите ќе сведочи против Јакимовски по што соочени со казни нему еден по еден ќе му се придружат и други обвинети, за на крај најголем дел од нив да сведочат против првообвинетиот.
Ордановски свесно или несвесно ја откри една од главните стратегии на власта не само за случајот со Јакимовски туку и за многу други обвинувања кои се на стаклени нозе и не можат да поминат без заштитени сведоци и силен притисок, уцени и закани врз обвинети, нешто што предходно како метод во правосудството го користеше и владата на Груевски.
Оваа анализа Ордановски ја објавува во колумна за Цивилмедиа од каде забрануваат преземања на содржини од текстови поради што текстот на Ордановски е раскажан без да се цитираат делови од него.
Хиперлинк до целиот текст овде





