Во вечерашното гостување на 1ТВ судијката Добрила Кацарска рече дека пресудата за Игор Дурловски била најтешка ослободителна пресуда што ја донела во кариерата.



„Во мојата кариера имам донесено повеќе ослободителни пресуди, но ова ми е најтешко донесена ослободителна пресуда. Ги имавме сите докази, но не произлезе дека Дурловски го сторил делото за кое беше обвинет. Мора да нагласиме дека обвинението е само за 27 април, а не за она што се случувало претходно“ рече Кацарска.

Судијката вели дека за Дурловски имало докази дека влегол во Собранието, ја пеел химната, но дека со тоа „не можеше да се поврзе со другите обвинети.

Да имавме уште еден доказ, пресудата немаше да биде ослободителна“, рече Кацарска.