Во денешното гостување на вестите на Сител, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоси рече дека во партијата не размислуваат за бојкот ниту пак на пораз на претседателските избори што треба да се одржат на 21 април.
„Ние не размислуваме за пораз, затоа што имаме кандидат кој гарантира поддршка од граѓаните.
Онаа негација е навистина импозантна. Се поставува и прашањето – зошто да размислуваме за бојкот?. Ова е натпревар, каде треба да спротивставиме политички платформи. Важна е иднината на граѓаните на Македонија“, рече Мицкоски.





