„Никој не ме информирал дека Секретаријатот ќе се укине и дека ќе стане Министерство за политички систем иако предлогот доаѓа од партеници од мојата партија. Не е толку важно дали Секретаријатот ќе се трансформира, туку требаше мене како вицепремиер за Рамковниот да ме информираат за предлогот и да видиме каде Рамковниот ќе се најде во новото министерство. Дали и како ќе продолжи имплементацијата на Рамковниот“ вели вицепремиерот за Рамковен договор во изјава за Плусинфо.
Хазби Лика вели дека ни лидерот Али Ахмети, ни сопартијците не го информирале за предлогот Секретаријатот да се трансформира во Министерство.
Тој на Фејсбук напиша дека и 20 години по конфликтот и донесувањето, Рамковниот договор сѐ уште не бил спроведен и поради тоа Секретаријатот треба да остане.





