Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, одговарајќи на директно новинарско прашање „на каков јазик зборуваат роднините на Егејците во Грција“, денеска изјави:



„Постои одредена категорија на население во Република Грција, која што не зборува на грчки јазик, која говори на друг јазик, но не сме ние тие што ќе детерминираме кој на каков јазик зборува, бидејќи тоа ќе биде мешање во внатрешните работи на друга држава“, рече Бошњаковски, портпарол на Влада.

Пред неколку дена министерот за надворешни Никола Димитров изјави дека „македонскиот јазик на кој говорат граѓаните на Македонија нема никаква врска со идиомите што ги користат грчите Македонци“.

Во дообјаснувањето подоцна, споделено на фејсбук, Димитров рече дека мислел на грчките Македонци кои зборуваат грчки јазик.