Граѓански организации во одбрана на „бомбите“ на СЈО

„Ограничувањето на можноста т.н. „бомби“, аудио материјалите да се користат како доказ, го наметнува прашањето пред се: која е суштината на постоењето на СЈО, ако „бомбите“ не може да се користат како доказ?“



Ова е еден од аргументите на неколку невладини организаци кои не се согласуваат со начинот на кој се одвива носењето на измените и дополнувањата на Законот за Јавно обвинителство.

Хелсиншкиот комитет за човекови права, Коалиција Сите за правично судење, Институт за човекови права, Македонско здружение на млади правници, Центар за правни истражувања и анализи, Институт за европска политика и Фондација Отворено општество – Македонија, реагираат на нетранспарентноста на процесот во кој се подготвуваше законот, отсуството на консултации и вклученост на граѓанските организации и стручната јавност а што директно влијае на создавање недоверба во понатамошното функционирање на СЈО.

Во соопштение до јавноста меѓу другото порачуваат:

,,Ја користиме оваа прилика да укажеме дека понуденото решение за понатамошното постоење, функционирање и надлежност на СЈО е спротивно на целите поради кои беше воопшто основано ова обвинителство, а тоа се борбата против високата корупција и организирана и системска злоупотреба на државата и државните ресурси за остварување на приватни интереси и имотна корист ( т.н. „заробена држава“), пренесува Макфакс.