Парламентот на Велика Британија повторно го отфрли договорот за „Брегзит“’ на премиерката Тереза Мај откако таа обезбеди легално обврзувачки уверувања од Брисел, но тоа не беше доволни за да ги увери пратениците.
Договорот на премиерката Меј вечерва беше поразен со 391 спрема 242 „за“ договорот.
Премиерката, како јавува Би-би-си, изјави дека пратениците сега ќе гласаат за тоа дали Велика Британија треба да ја напушти ЕУ на 29 март без договор, а доколку тоа не успее, за тоа дали „брегзит“ треба да биде одложен.
Лидерот на опозициските Лабуристи, Џереми Корбин, рече дека премиерката сега треба да распише избори.
Меј претходно ги предупреди пратениците дека ако не ја поддржат нејзината „подобрена спогодба“ со ЕУ, ризикуваат „воопшто да нема Брегзит“.




