Поплава имало, оштетени предмети не, велат од СЈО

СЈО гарантира дека не се уништени доказите во случајот „Империја“ за Сашо Мијалков, Орце Камчев и за други осомничени во поплавата која во неделата се случила во една од просториите на СЈО.



„Сите докази од случајот „Империја“ се сочувани. Имало зафатена документација од предметот „Триста“, и „Шпион“но тие се и електронски зачувани. Се утврдува и ако има потреба да се обноват тоа може многу лесно да се направи, така што не постои никава опасност дека протекувањето на водата од радијаторот ќе направи штета врз случаите.“ – велат од СЈО, пренесува 24 ТВ.