„ За оние кои сè уште не виделе, излезе „ревидираната“ Годишна програма на проекти од национален интерес во културата. По мене, сè уште скандалозна.
Освен корекциите на кардиналните грешки и на катастрофалните одлуки во неколку случаи, сето друго е токму како што предвидов – забошотување, ‘затнување усти’, пополнување дупки, залажување, тивка уцена на оние кои сакаат нивните институции да продолжат да постојат и проектите сепак да бидат реализирани, како-така“, пишува во објавата на Фејсбук ржисерката Зоја Бузалковска за ревидираната Годишна програма на проекти од национален интерес во културата.
Во подолгиот статус на ФБ, Бузаклова вели дека „останаа и нелогичностите и непропорционалностите помеѓу бодирањето и доделените средства, различните аршини за ист тип на проекти, нејасните критериуми (мислам дека воопшто и ги нема) и проценки „од ѓутуре“, како и непочитувањето на Националната стратегија во културата 2018-2022 во донесувањето на одлуките, кои проекти и на каков начин ќе бидат поддржани“.
Таа смета дека е „срамно е што повторно никој не презеде одговорност за она што се случи, срамно е што Министерот за култура мисли дека „го решил проблемот“, срамно е што Премиерот не мисли дека треба да побара оставка од ресорниот министер по еден ваков сканда“.





