Британскиот професор Џејмс Петифер го оправдува македонскиот претседател Ѓорге Иванов за непотпишувањето на законите што содржат „Северна Македонија“.



„Многу добар човек го спроведува принципот дека владеењето на правото е граѓанската брана против прекумерно моќната држава“, напиша на Твитер професорот по балканска историја на колеџот „Сент Крос“ од Оксфорд како одговор на наднасловот од напис на „Балкан инсајт“: „Претседателот во заминување Ѓорге Иванов одби да потпише документи кои го вклучуваат новото име на земјата, Северна Македонија – а тоа се заканува дека ќе предизвика институционална нестабилност“.