Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска рече дека не е точно дека во текот на преговорите од ДУИ инсистирале да се смени целиот тим од СЈО, на чело со Катица Јанева, ниту пак дека ја оспориле употребата на бомбите во постапките.
„Апсолутно тоа не било барање на ДУИ, ниту би го оспориле доколку би се вратило како решение. Тоа што ние разговаме во поглед на законот за обивнителство, е како ќе се регулира прашањето на правичната застапеност, рече Османи на денешната заедничка прес-конференција со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
ДУИ ќе продолжи со поддршка да се обезбеди мнозинство и да се усвои новиот закон за јавно обвинителство, во кое е инкорпорирано СЈО, рече Османи.





