Енвер Тоска, полицаец од Битола кој минатата година со 4 куршуми го уби својот колега, а потоа го запали неговото тело доби 18 години затвор, соопштија од прилепскиот Основен суд.
Тој беше обвинет за едно од најтешките кривични дела убиство за што е предвидена казна затвор од 10 години до доживотна.
Тоска завчера за прв пат даде исказ пред обвинителството и во целост го призна кривичното дело за кое се товари.
Убиството се случи минатата година на неполн километар од влезот во прилепското село Беловодица, кога Енвер Тоска сред бел ден со 4 куршуми го убил 36 годишниот битолчанец Бекир Алили, а потоа го запалил неговот тело.





