Беса: Исклучувањето на Албанците ги продлабочува поделбите

За „Беса“ сосема е неприфатливо Албанците, односно албанските политички претставници, да не бидат вклучени во донесувањето одлуки за важни процеси кои директно влијаат на интересите на Албанците во државата. Повод за реакцијата е вчерашната средбата на Зоран Заев со Христијан Мицкоски.



„Исклучувањето на Албанците од консултации и донесување одлуки за витални прашања за иднината на државата се само обид за нарушување на меѓуетничката кохезија во Северна Македонија и, за жал, се покажа дека слоганот ‘општество за сите’ подразбира целосна дефакторизација на албанскиот политички фактор и влез во нова ера која, за жал, ги продлабочува поделбите“, сметаат од партијата на Билал Касами.

Од „Беса“ апелираат параламентарното мнозиство да го смени својот пристап кон албанскиот политички фактор и под итно да го вратат дијалогот меѓу позицијата и опозицијата, вклучувајќи го и албанскиот политички фактор.