Кандидатката а претседател на државата, професорката Гордана Силјановска очекува демант на изјавата на алтернативната министерка за надворешни работи на Република Грција, Анагностопулу која ја поздравила изјавата на Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Димитров, дека македонскиот јазик кои го зборуваат граѓаните на Република Македонија, нема никаква врска со јазикот на грчките македонци.

„Поминаа 24 часа, а сеуште никој не го демантирал ова тврдење“ – реагира Силјановска на Фејсбук.
„Се прашувам, ако е навистина така, на кој јазик збореле предците на Димитров со потекло од Егејска Македонија ? На јазик различен од тој што он го зборува денес ? На кој јазик збореле и моите и предците на илјадници други Македонци кои живеат во Република Македонија, а своите корени ги влечат токму од Егејска Македонија ?!
Не во наше име господине Димитров !“ – иобјави Силјановска на на нејзиниот ФБ профил.





