Се расипаа двата комјутерски томографи во „8 Септември“

Градската општа болница „8 септември“ во Скопје остана без компјутерски томограф, откако се потроши катодната цевка и на вториот апарат.



По автобуската несреќа кај Ласкарци на 13 февруари, поради преоптовареност, се расипа еден од двата компјутерски томографи.

Од петокот минатата недела се расипа и вториот томограф, а во буџетот на болницата нема пари за поправка на дефектот, дознава порталот СДК.

Директорот на „8 Септември“ д-р Христијан Костов вели дека побарал од Фондот за здравствено осигурување авансно да им префрли дел од парите кои се предвидени во буџетот на болницата за оваа година, за да може да оспособат барем еден од апаратите.