Заев и Мицкоски со спротивни мислења за Катица Јанева

„За ова СЈО гласавме сите во 2015 година. СЈО ќе се вгради во јавнообвинителскиот систем на земјата, но за тој процес треба да се испочитуваат одредени рокови. Знаеме дека кампањата почнува на 1 април и дотогаш треба да имаме изградени и усогласени ставови за сите реформски закони“, изјави лидерот на СДСМ на синоќешната средба со Христијан Мицкоски.



Заев рече дека СЈО треба да продолжи со Катица Јанева на чело.

„Верувам дека ќе обезбедиме двотретинско мнозинство за СЈО. Моја искрена желба е тоа да биде со консензус. Ако нема консензус, како влада ќе направиме се, во рамки на можностите, за да се постигне потребното мнозинство“, рече Заев, пренесува „Независен“.

Од своја страна Мицкоски рече дека опозицијата е расположена да влезе во разговори за решавање на статусот на СЈО, но на чело на тоа обвинителство не смее да биде Катица Јанева бидејќи, според него, актуелната шефица на ова обвинителство го изгубила професионалнот кредибилитет.

Мицкоски го повторил барањето предлог за државен јавен обвинител да дава опозицијата и рече дека би требало да се отворат и да се расчистат и некои стари случаи од минатото како приватизацијата на ЕСМ, Телеком…